Совети за одгледување здраво и бујно цвеќе

23.02.2021 17:47

За да ви бидат убави, бујни и здрави , цвеќињата освен што ги сакате треба и добро да ги одгледувате. Да ги прихранувате и полевате соодветно, да ги пресадувате, расадувате. Еве неколку совети за да ви бидат секогаш убави, особено сега во зима кога им недостасува сонце и воздух...

Малкумина знаат дека рицинусовото масло е многу благотворно за бујни цвеќиња. Едно лажиче рицинус се меша со 1 л вода –одстоена неколку денови. Веднаш по доброто мешање се полеваат билките. Ако билката цвета еднаш годишно доволно е една ваква прихрана, но доколку цвета постојано тогаш ваков раствор применувајте еднаш месечно.

Сите билки сакаат шеќер особено кактусите. Се прави раствор од едно лажиче шеќер и една чаша вода. Фикусите може да се прихрануваат со засладена вода  еднаш месечно, тогаш едно лажиче шеќер со 1 литар вода.  Издробени лушпи од 2-3 јајца да отстојат во 1 литар вода- 5 до 7 дена на собна температура и со неа да се поливаат и собните и цвеќињата во градината. Овој навидум чуден раствор ќе го оживее и најзапуштеното цвеќе. Во лушпата од јајцето се наоѓа многу калциум, магнезиум и фосфор, кои се неопходни за нормален раст на билките. Можеби мирисот не е баш пријатен ама е многу корисен.

Имунитетот на билките се одржува со прскање со раствор од 300 мг аспирин и 1 л вода.

Ако забележите дека вашите билки се овенати од за вас непознати причини, тоа може да биде од мушички, или од други ситни штеточини кои не може да се видат со голо око. За да ги елиминирате земете неколку кибритчиња и брцнете ги во саксијата со фосфорниот дел во земјата. Потоа залијте го цвеќето со вода. По два дена заменете ги кибритчињата со нови и така мушичките ке исчезнат.

Кора од калинка или кој било друг цитрус, прелеијте го со вода и оставете го да преноќи. Овој раствор е мошне хранлив за вашите билки. Режаното цвеќе во вазна сака лимонада за да трае подолго можеби и десетина дена. Доволно е сок од половина лимон. Наместо лимон може и витамин це во прав. Ако немате лимон или витамин Ц може да ставите аспирин или пак 2 лажички оцет со 2 лажички шеќер. Кората од банана е совршена за премачкување на листовите на големите фикусни растенија . Заради амино киселените кои го поттикнуваат растот, кората од банана за растението е како козметички третман.

Верувале или не билките сакаат минерална вода млеко и кафе. Во водата со која ги полевата додајте малку минерална вода талог од кафе или од кесичка чај. Листовите може да се бришат со млеко што е делува хранливо.  И за убав сјај на листовите се користи заостанато пиво измешано со млака вода. Квасецот растворен во вода е исто така еден од можеби и најдобрите прихранивачи за брзо растење и бујно цвеќе. Едно лажиче кавсец со едно лажиче шеќер да отстои најмалку два часа во литар млака вода. Со ваков раствор може да ги поливате цвеќињата на секои десетина дена во лето, а еднаш месечно во зима.

Применете ги овие  неколку совети и вашите цвеќиња ќе во бидат благодарни, а вие ќе уживате во нивната убавина.

Соња Стојановска