Русија:На европските санкции ќе одговориме со иста мерка

18.03.2014 15:42

Во документот уште се наведува и дека „желбата на Брисел да ја натера Украина да избира меѓу ЕУ и Русија доведе до противуставен удар во Киев“...

Русија  упати критика кон Европската унија поради санкциите за руските официјални лица и пратеници и најави дека ќе одговори со иста мерка.

Обидите да и се зборува на Русијa со јазикот на силата и да се заплашуваат руските граѓани со санкции нема да доведе никаде. Преземањето нa рестриктивни мерки, не е наш избор, но јасно е дека воведувањето санкции против нас нема да остане без адекватен одговор од руска страна, се посочува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Во документот уште се наведува и дека „желбата на Брисел да ја натера Украина да избира меѓу ЕУ и Русија доведе до противуставен удар во Киев“.

Русија ја потврдува подготвеноста за соработка со сите меѓународни партнери, искрено заинтересирани за нормализирање на ситуацијата во Украина, истакнуваат од руското МНР.