Холандски диџеј и продуцент ќе настапи во Скопје
Овој петок македонската публика ќе има можност да ужива во настапот во живо на едно од најновите имиња во електронската музичка индустрија Лапиен. Забавата е закажана во скопскиот клуб Капан Ан, место кое години наназад е домаќин на големи европски и светски техно артисти кои останале запаметени по своите енергични настапи.

Овој петок македонската публика ќе има можност да ужива во настапот во живо на едно од најновите имиња во електронската музичка индустрија Лапиен. Забавата е закажана во скопскиот клуб Капан Ан, место кое години наназад е домаќин на големи европски и светски техно артисти кои останале запаметени по своите енергични настапи.
Лапиен е Холанѓанец по потекло, моментално живее и твори во Германија, а во Скопје ќе се претстави со својот електропроект „Метрополис“. Со своите многубројни изданија за релативно краток временски период успева да го сврти вниманието на многумина диџеи и издавачки куќи, кои будно го следат неговиот грув.
Дебатира во 2009 година со својата прва плоча за британската издавачка куќа „Bliq”, а под псевдонимот „Метрополис“ се појавува за издавачки куќи како „Other Heights“, „Field Records“, „Sequencias“, „Photic Fields“. Со оваа серија на изданија, неговиот материјал беше топло пречекан во сетовите на Милтон Бредли и многу други, а неговото издание за „Other Heights“ беше номинирано за издание на 2013година според њујоршката продавница за плочи „Dope Jams“.
Заедно со Робин Коек се кријат под псевдонимот Артефакт. Песните „Other Sun” и „Mirror Society” се појавуваат за холандската издавачка куќа „Field Recordings“, каде што техното се третира повеќе како уметничка форма, а не како нешто што само функционира на подиумот. Последниот нивни запис е “Twilit”, кој неодамна се појави за „Prologue Music“.
Неговата инволвираност во различни полиња на андерграунд денс сцената, придонесоа Лапиен да биде препознаен по својот квалитет и иновативност, и не е случајност што неговите настапи можат да се проследат низ многу клубови во Европа.
Домашна поддршка на овој настан ќе дадат Александар Видиновски и Милескаја, а за визуелниот дел ќе се погрижат Lazy Kidz Visuals.
Моника Јовановска
