Сад
Тајгер Вудс со тешки повреди во сообраќајна несреќа
24.02.2021 11:28
Докторите велат дека ќе му биде потребно долго време, можеби и години за да се опорави и продолжи со нормален живот.

Светски познатиот голфер, Тајгер Вудс доживеал тешки повреди во сообраќајната несреќа што се случила синоќа по средноевропско време. Неговиот живот, според извештаите, не е во опасност, но има потрес на мозокот и скршеници на зглобовите и колената на двете нозе.
Докторите велат дека ќе му биде потребно долго време, можеби и години за да се опорави и продолжи со нормален живот.
Според локалните власти, Вудс излетал од патот по што бил извлечен со сечење на автомобилот. Истрагата за несреќата е во тек.
