Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод во Скопје
Оваа делница е инвестиција од 29 милиони евра, до сега изградени се околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина на овој проект.

Оваа година завршуваме со изградба на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар и од Неготино до Битола со што ќе се поврземе на преносниот систем на гас. Следат нови проекти за интерконекциско поврзување со Грција, Косово и Србија, истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи.
Тие, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово- Гостивар.
Оваа делница е инвестиција од 29 милиони евра, до сега изградени се околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина на овој проект.
Министерот Бочварски потенцираше за огромното значење на гасификацијата на држвата од апсект на заздравување на економијата, намалување на аерозагадувањето како и поевтин енергенс за граѓаните и компаниите.
Директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи истакна дека со завршување на овој проект оваа година, цел Полошки регион и западниот дел од Скопје ќе имаат пристап до преносниот систем на гас.
