Забавена реставрацијата на старите објекти во Битола
Иако значителен процент од битолската стара архитектура е реставриран, и натаму остануваат многу историски значајни објекти кои ги нагризува забот на времето. Намалената динамика на реставрација, архитектите ја гледаат во недоволните финансиски средства и нерешените имотно- правни односи...

Битола од секогаш го имала монополот на комплименти за бисерите на старогадската архитектура од 19-от век. Но, за жал веќе намалува динамиката за заштита на ова бесценето богатство по дамнешниот капитален зафат врз објектите на Широк Сокак.
Раскошно културно богатство распострането во поширокото градско јадро. Архитектите велат- проектот за раставрација никогаш не го затворивме. На заштита од нагризувањето на забот на времето чекаат уште многу атрактивни објекти. Причината во намалената динамика ја лоцираат во глобалната финансиска криза, а како најголем проблем се нерешените имотно- правни односи.
Еминентниот битолски архитект, Зоран Николовски, вели има доволен педизвик во било која страна да се погледнеш на градот. Неговата визија и зложба што поскоро да започне ревитализацијата на објектот „Турска Бања“.
Помеѓу желбите и можностите, вели, се изработуваат и следните проекти, односно од вредноста на објектот и степенот на оштетеност.
Стевче Митревски
