Да се забрза откупот на тутун, бараат тутунарите
Да се забрза откупот на уште 2.000 тони тутун, а не да се продолжува рокот цел месец. Останаа уште два дена до крајот на откупот, фирмите манипулираат и не доставуваат амбалажа. Иницијативниот одбор на тутунарите кои формира регионални здруженија апелира до Владата и Министерството да се забрза откупот и да не се склучуваат нови договори додека не се преземе целата реколта...

Да не се продолжува рокот за откуп на тутунот за еден месец, туку најбрзо да се преземат уште неполни 2.000 тони како вишок, за да се планира новата реколта, бара и апелира до институциите Иницијативниот одбор на тутунарите кој сега формираше тутунски здруженија по региони и дејствува во рамките на поранешниот Сојуз. Уште два дена има од рокот за откупот. Преземени се 24.800 тони по 164 денари. Останале неполни 2.000 тони за кои е погрешно да се продолжува рокот за цел месец.
На теренот, велат, има проблеми - недостига амбалажа, а фирмите купуваат само квалитетни берби. Кај производителите може да останат околу 1.000 тони неоткупен тутун.
Се согласуваат со Сојузот на земјоделските здруженија да не се склучуваат договори додека не се откупи целиот род. Имаат предлози за промена на Правилникот за тутун, главно за повисоки откупни цени и да не се повтори овој крајно тежок и проблематичен откуп.
Елизабета Митреска
