Средба на Битиќи со угостителите кои протестираа пред Владата

24.02.2021 18:36

Битиќи и угостителите на астал пред Влада. Во свадбарска атмосфера – обид за договор на отворено. Се согласија да работат без музика. Ќе има и нова средба за прецизирање на условите...

Сопствениците на ресторани ,ноќните клубови и музичарите на протест . Бараат да нема ограничување за работата на рестораните кои организираат свадбени свечености. Вицепремиерот за економски прашања Битиќи заедно со угостителите седна на маса поставена пред Владата. Угостителите се пожалија дека една година тешко опстојуваат во услови на пандемија предизвикана од ковид кризата.

Битиќи ги увери дека во наредните денови ќе се разговара на идните средби со пазарниот инспекторат, за да се овозможи да работат согласно протоколите како останатите „ала-карт ресторани“. Дециден дека последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести.

Битиќи рече дека поддршка за најпогодениот сектор од ковид кризата се предвидува и со оперативниот план тежок 25 милиони евра. Угостителите незадоволни од пакет мерките за помош протестираа и во изминативе денови блокирајќи ги скопските улици.

 

Дијана Ценевска