Османи на средба со Захариева во Софија
Османи и Захариева разговарале за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање на втората меѓувладина конференција...

Шефот на дипломатијата Османи, денес на враќање од посетата на Париз, оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во Софија.
Како што соопшува МНР, на средбата биле разгледани актуелностите поврзани со кризата од Ковид и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици. Во оваа прилика Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија.
Османи и Захариева разговарале за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање на втората меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.
Двајцата изразиле задоволство од досегашната соработка- соопштува МНР.
