Британскиот сој се шири, засега нема дополнителни рестриктивни мерки
Британскиот сој се шири во земјава, истражувањата покажале дека 70 насто од новоинфицираните се заболени од оваа мутација на вирусот. Зголемениот број заразени не ги загрозува болничките капацитети во критичните градови Прилеп, Кавадарци и Охрид- уверуваат здравствените власти. Досега се направени над половина милион тестови, бројката инфицирани надмина 100 илјади...

70 проценти од заразените во земјава се инфицирани со британската мутација на вирусот- покажале најновите истражувања на МАНУ. Има зголемување на бројот на заболени. Здравствените власти уверуваат дека места во болниците има, капацитетите не се загрозени и во критичните градови, Кавадарци, Прилеп и Охрид .
„Конкретно во Скопје во овој момент слободни болнички кревети има на Инфективната клиника без Модуларната болница, меѓутоа значајно ослободен болнички простор има и на Интерните клиники кои сега нормално функционираат. Во кој било момент се подготвени сите овие капацитети да се вратат во оној претходен режим на работа кога сите лекари, сестри ротираа и сите интерни одделенија без наменети за третман на пациенти заболени од Ковид-19. Ние за тоа имаме секојдневна комуникација и утрово и во текот на вчерашниот ден со директорите на сите тие клиники, тие се свесни, знаат и очекуваат“, изјави утрово министерот Филипче.
Министерот додаде дека владата го овластила да го потпише договорот за набавка на 100 илјади дози од руската вакцина „Спутник“. Има над 180 илјади пријавени граѓани за имунузација.
