ЕУ бара намалување на рестрикциите на границите од шест нејзини членки
Европската комисија предупреди шест нејзини членки да укинат дел од ограничувањата против коронавирусот за да не се попречува прекумерно слободното движење на луѓето и стоките.

Европската комисија предупреди шест нејзини членки да укинат дел од ограничувањата против коронавирусот за да не се попречува прекумерно слободното движење на луѓето и стоките.
Белгија, Данска, Финска, Шведска, Германија и Унгарија имаат рок од десет дена да одговорат на барањето.
Во меѓувреме, Израел планира да ги укине сите мерки до април. Оваа земја е меѓу оние со најмногу вакцинирани жители на глобално ниво. Со новиот закон усвоен од Кнесетот, евиденцијата на имунизираните лица ќе биде достапна за секого.
Сите што ја примиле и втората доза добиваат т.н. „зелен пасош“. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети вакцини за сите пријателски земји кои му помогнале на Израел во минатото.
