Седница за пратенички прашања во Собранието
Во исто време закажани се и заседанија на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија.

Собранието денеска треба да ја одржи 35-та седница на чиј дневен ред единствена точка е Поставување на пратенички прашања. Во исто време закажани се и заседанија на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија.
Комисијата за финансирање и буџет треба да ја продолжи 16-та седница на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување на законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, за експропријација, за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, за сметководството за непрофитните организации, за пријавување и евиденција на обврски, за административните такси и за стоковните резерви. Сите предлог закони се во прво читање.
Во рамки на продолжението на 45-та седница членовите на Законодавно-правната комисија треба да ги разгледуваат предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и за изменување на Законот за здравственото осигурување, како и на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта
