Ѕвездата од „Два ипол мажи“ целосно се свртел со верата
Ангус Т. Џонс (20), некогаш беше една од најдобро платените млади ѕвезди.

Глумејќи во хит хумористичната серија „Два ипол мажи“, Ангус годишно заработувал и до 33 милиони долари. Но, од тогаш се се промени.
Џонс во еден момент заклучил дека повеќе не може да глуми во серијата која промовира нешто што тој го смета за погрешно. Тој соопшти дека го открил Господ и целосно се свртел кон верата.
Во интервју за KHOU TV откри дека тоа е една од причините за неговото заминува и тоа што серијата се занимава со небитни работи, додека во исто време многумина околу нас се мачат со вистински проблеми. Девет месеци после напуштањето на серијата, почнал активно да оди во црква.
Денес е проповедник и тврди дека е многу посреќен откако го пронашол Бог. Пуштил брада и многумина денес едвај го препознаваат, а во итнервјуто откри и дека му е жал за начинот на кој ја напуштил серијата, но не и поради самото напуштање.
