Маас: Иран да го прифати советот од Западот

25.02.2021 11:03

Според Меѓународната агенција за атомска енергија Иран кон своите залихи додал уште 17,6 килограми збогатен ураниум од 20 проценти, а чистотата била надмината за 3,67 проценти согласно претходно утврдениот договор.

Шефот на германската дипломатија Хајко Маас бара од Иран да го прифати дипломатскиот совет од Западот со цел да се зачува нуклеарниот договор.Тој го обвини Техеран за нетранспарентност во однос на спогодбата од 2015 година откако оваа исламска република ги забрани меѓународните инспекции во нуклеарните постројки.

Според Меѓународната агенција за атомска енергија Иран кон своите залихи додал уште 17,6 килограми збогатен ураниум од 20 проценти, а чистотата била надмината за 3,67 проценти согласно претходно утврдениот договор.

Отстапките се сериозен проблем и за новата администрација на САД која сака да ја поништи одлуката на претходната предводена од Доналд Трамп кога Вашингтон се повлече од Пактот и воведе економски санкции против Иран.