Расчистена синоќешната масовна тепачка
Тројцата заработија прекршочни пријави и глоба...

Расчистена синоќешната тепачка во која настрада 26 годишно момче од скопско Волково. По распитите на тројцата приведени, Јавното обвинителство констатирало дека нема елементи за кривично гонење, туку прекршување на јавниот ред и мир.
Тројцата заработија прекршочни пријави и глоба. Инспектори од крвни деликти, утврдиле дека повреденото лице учествувало во тепачката. Со него ќе се разговара по неговото пуштање од градската општа болница „Наум Охридски“.
Тепачката се случи доцна синоќа кога поголем број лица ја почнале во Старата скопска чаршија , ја продолжиле преку камениот мост се до зградата на Македонски пошти. 26- годишното момче со возило на Брзата помош било префрлено в болница со рана од нож во десната потколеница.
Брзо реагирале и полициските Алфи. За кратко време ги привеле трите лица кои учествувале во тепачката.
Наташа Гркова-Петрушевска
