Путин потпиша закони за зголемување на глобите за прекршоците на демонстрантите

25.02.2021 11:46

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за повеќекратно непочитување на законот би можеле да бидат казнети со 230 евра или со 230 дена затвор.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нови закони со кои се зголемуваат паричните казни за прекршоците на демонстрантите и за интернет-страниците означени како „странски агенти“.

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за повеќекратно непочитување на законот би можеле да бидат казнети со 230 евра или со 230 дена затвор.

Според законот од 2012 година, организациите и поединците означени како „странски агенти“ мора да се регистрираат и јасно да го назначат својот статус во своите публикации.