Жителите од струшката населба „Весела Долина“ бараат социјални станови

25.02.2021 13:49

Околината е загадена и извор на болести, нема никакви услови за живот, се жалат 30 тината семејства, кои живеат во населбата. Власта им ветила изградба на социјални станови, но до денес ништо.

Живот во дрвени колиби, картони, ламарина и супстандардни услови. Калливи улици по кои течат фекалии и тони отпад покрај реката Црн Дрим на влезот од Струга. Ова е сликата во населбата позната како „Весела Долина“.

Околината е загадена и извор на болести, нема никакви услови за живот, се жалат 30-ината семејства, кои живеат во населбата. Власта им ветила изградба на социјални станови, но до денес ништо.

„Ова е катастрофа нема никакви услови за живот се сме измамени од секого кој и да додје од власта ни ветуваат дека ќе ни направат социјални станови. Тоа се е лага, само лажење“, вели жител на населбата „Весела Долина“ во Струга.

„Не чинат условите, не чинат, да ни дадат треба станови“, вели една постара жена.

Населбата постои веќе 60 години. Наместо подобри услови за живот мештаните со години добиваат празни ветувања. Бараат конечно државата да им изгради социјални станови.

„Плаќаме давачки, данок плаќаме сите давачки, сцијални станови сегде дадоа само овде не, што сме туристичко место. И ние сме луѓе и ние живееме во Македонија, жалосно е да ова вака“, вели жител на населбата.

Иако уште во 2015 година имаше најава за изградба на социјални станови во струшката населба Плитишта, директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор подружница Охрид за МРТ вели засега нема таков проект. Набрзо ќе започне изградбата на социјална зграда во Дебар.

 

Соња Рилковска