Туристичкиот сектор да се прегрупира и да се подготви за отворање на границите

25.02.2021 16:03

Македонскиот туристички сектор мора да се прегрупира и да се подготви за отворање на границите. Туристите да ги планираат своите аранжмани- порака од Мкедонската туристичка берза. Државава сѐ уште нема воспоставено контакт со Грција, неизвесно е од кога нашите граѓани ќе може да патуваат во оваа земја. Министерот Бектеши вели дека во наредниот период ќе се направи обид за склучување на меморандум...

Опозицијата да биде конструктивна и да овозможи донесување на законите во Собранието за побрзо имплементирање на петтиот сет мерки, повика министерот за економија Бектеши. Апелираше да се даде придонес за подобрување на мерките, доколку идеите се прифатливи за стопанските комори.

Еден од најпогодените во пандемијата е туристичкиот сектор. Од фелата предупредуваат дека ако сакаме да имаме успешна сезона, мора да се работи уште отсега на промоција на земјава.

Бектеши рече земјава сѐ уште нема воспоставено контакт со Грција за да можат наши туристи да патуваат во оваа земја, но најави дека ќе се направи обид за склучување меморандум, како тој со Србија.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска