ЕУ ќе продолжи да работи на ковид- пасошите

26.02.2021 10:21

Лидерите на 27 земји-членки на унијата потврдија дека ќе ги задржат „цврстите ограничувања“ на јавниот живот и слободното движење поради појавата на новите видови на вирусот.

Лидерите на Европска унија ќе продолжат да работат на сертификати за вакцините, кои ќе го овозможат туризмот ова лето. Германската канцеларка Меркел на самитот на ЕУ истакна дека техничката работа на така наречените ковид-пасоши би требало да заврши до лето, а некои земји, меѓу кои Франција и Белгија изразија загриженост дека олеснетото патување за вакцинираните луѓе би ги дискриминирало другите.

Лидерите на 27 земји-членки на унијата потврдија дека ќе ги задржат „цврстите ограничувања“ на јавниот живот и слободното движење поради појавата на новите видови на вирусот.

Брисел очекува побрза динамика во дистрибуцијата на вакцините. Производителите, пак се бранат дека тешкотиите во испораката се привремени.