Израел: Запрено испраќањето вакцини во странство
26.02.2021 10:43
Премиерот Нетанјаху наиде на удар на критики поради подарувањето на вакцините на странските сојузници, додека Палестинците се жалеа дека Израел како окупаторска сила требало да им испорача повеќе вакцини...

Израел ја запре програмата за испраќање вакцини против Ковид-19 во странство поради меѓународниот углед, изјави министерот за одбрана Бени Ганц, откако иницијативата беше ставена под правна лупа.
Премиерот Нетанјаху наиде на удар на критики поради подарувањето на вакцините на странските сојузници, додека Палестинците се жалеа дека Израел како окупаторска сила требало да им испорача повеќе вакцини.
Израел има најголем напредок во вакцинирањето против Ковид-19 во светот и речиси половина од неговото население веќе примило барем една доза.
