Скопје

Малолетник прегазил доктор на улицата „Мајка Тереза“

26.02.2021 11:26

Синоќа околу 20:30 часот на улицата „Мајка Тереза“ малолетник прегазил доктор...

Синоќа околу 20:30 часот на улицата „Мајка Тереза“ малолетник прегазил доктор.

„На 25.02.2021 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бмв х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишник од с.Сингелиќ, скопско, удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје“, велат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил пешакот.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.