Пресуда за „Таргет-Тврдина“: 12 години затвор за Мијалков, по 15 за Грујовски и Бошковски

26.02.2021 11:55

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше изречена пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување од 2008-ма до 2015-та година и за уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше изречена пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување од 2008-ма до 2015-та година и за уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање.

Сашо Мијалков доби единствена казна затвор од 12 години за три кривични дела. Во изречената казна му се засметува времето минато во притвор. Гордана Јанкуловска – казна затвор од 4 години. Горан Грујевски доби 15 години казна затвор, исто и Никола Бошковски за две кривични дела. Тони Јакимовски – единствена казна од 6 години, а Надица Николиќ од 3 години. Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски, Силвана Златова, Васко Исакоски и Валентина Симоноски добија условна осуда од 2 години. Обвинетата во овој случај Елена Џиланова, која го призна делото, доби две години условна казна.

Одлуката ја донесе донесе петчлениот судечкиот совет во состав: Џенета Бектовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор и тројца поротници.

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ e првостепена, а странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Судењето за „Таргет-Тврдина“ започна на 22-ри декември 2017-та година, а застапник на обвинението беше поранешното СЈО. Во септември 2019-та година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.