На инфективните одделенија низ земјава се лекуваат 675 ковид- пациенти

26.02.2021 12:41

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 675 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштуваат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 60 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.