Затворен угостителски објект во гостиварско, приредувал игри на среќа без лиценца

26.02.2021 12:22

При контролата било констатирано дека во објектот, без лиценца, нелегално се приредуваат игри на среќа, поради што времено му била одземена целокупната опрема...

Вчера во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во содејство со Управата за јавни приходи, извршиле контрола во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на Е.Џ.(32) од с.Добридол.

При контролата било констатирано дека во објектот, без лиценца, нелегално се приредуваат игри на среќа, поради што времено му била одземена целокупната опрема за приредување на игри на среќа. По расчистување на случајот, против Е.Џ. ќе следува соодветен поднесок.