Бајден нареди воздушен напад во Сирија
26.02.2021 12:45
Воздушниот напад претставува одговор на ракетниот напад на американските цели во Ирак.

Американската воена авијација изврши воздушни напади во источна Сирија на објекти за кои Пентагон вели дека и припаѓаат на проиранската милиција. Ова е прва воена акција на САД по наредба на претседателот Бајден.
Воздушниот напад претставува одговор на ракетниот напад на американските цели во Ирак. Портпаролот на Пентагон Џон Кирби, наведе дека Бајден ќе делува со цел да ги заштити американските и коалициските војници на начин кој нема да доведе до деескалација на ситуацијата на истокот на Сирија и во Ирак.
