Доживотен затвор за прилепчанецот кој ги уби поранешната сопруга и нејзината мајка

26.02.2021 13:24

Семејна трагедија од пред една година што го потресе Прилеп, доби судски епилог. Доживотна казна затвор му е изречена на 52-годишен прилепчанец кој ги уби поранешната сопруга и нејзината мајка. Ова е прва најригорозна затворска казна што воопшто ја донесе прилепскиот Основен суд...

Доживотна казна затвор доби 52-годишниот прилепчанец Никола Петрески кој во јануари минатата година, во семејна трагедија уби двајца, а тешко повреди уште едно лице. Ова е пресудата на прилепскиот Основен суд.

На Петрески му се судеше за четири кривични дела: едно за убиство, две за обид за убиство и за семејно насилство. Со психијатриско вештачење судот утврдил дека сега осудениот бил пресметлив кога ги извршувал едни од најтешките кривични дела.

Семејната трагедија која го потресе Прилеп, се случи на 11-ти јануари лани во утринските часови кога Петрески се појавил на вратата од семејната куќа на семјеството на поранешната сопруга. Со пиштол ги убил неа и нејзината мајка и тешко го повредил братот на поранешната сопруга. Судот за прват изрекува најригорозна затворска казна.

Петрески е во притвор до издржувањето на казната. Трегедијата се случи пред очите на 10-годишниот син кој е сместен кај роднини на мајката и е под надзор на Центарот за социјални работи.

 

Елизабета Митреска