Брисел: Приоритетно е забрзувањето на вакцинацијата
Лидерите на Европската унија согласни да продолжат да работат на ковид-пасошите. Брисел со жестоки критики поради непочитувањето на роковите и договорените количества вакцини. Производителите се бранат- тешкотиите во испораката се привремени...

Европскиот совет одлучи дека приоритетно е забрзување на вакцинацијата и производството на вакцини против Ковид-19. Земјите членки на ЕУ се согласија дека е потребно побрзо откривање на мутациите на коронавирусот и вложување во истражувања на нови вакцини и нивно подобрување. Рестрикциите за патување во ЕУ остануваат, а сѐ уште не е усвоен заеднички пристап за сертификати за вакцинација како услов за слободно движење во унијата.
„Мора да продолжат рестрикциите на патувањата што не се неопходни. Мерките за патување остануваат. Сѐ уште работиме на заеднички пристап за сертификати за вакцинација со дигитализација и во подготовка со светската здравствена организација“, изјави Шарл Мишел-претседател на Европскиот совет.
„Сѐ уште постојат отворени политички прашања за што ќе се користи сертификатот за вакцинација. Секоја земја членка поединечно ќе одлучи. Националните здравствени и гранички служби ќе треба да направат единствен систем за луѓето кои се вакцинирани, прележале или имаат негативен тест за Ковид-19. Треба да се забрза процедурата ако сакаме сертификатото за вакцинација да биде достапен до летото“, рече Урсула Фон Дер Лајен- претседател на Европската комисија.
Напорите на сите земји членки на ЕУ се екстремно важни за сите нас што живееме во Европа и затоа НАТО ќе продолжи со поддршка на цивилните напори за справување со пандмеијата, истакна генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг на средбата со Европскиот совет.
„За НАТО најважна задача за време на оваа пандемија е да обезбедиме дека здравствената криза нема да се претвори во безбедносна. Затоа што заканите се кои се соочуваме пред пандемијата се уште постојат. Ниту една земја не може да сама да се справи со овие закани и затоа е важно повторно да ги изградиме и засилиме трансатланските односи“, рече Столтенберг.
Унијата поддржа земјите членки да донираат вакцини за соседните земји што не се дел од ЕУ.
Ирина Гелевска
