Повторно се распишува оглас за социјалните станови во Струмица

26.02.2021 14:34

По една година пауза, за десет дена повторно се распишува огласот за социјалните станови во Струмица . 37 те станови ќе бидат распределени на граѓани од социјален ризик.

За десеттина дена нов оглас за распределба на социјалните станови во Струмица. Речиси две ипол години , зградата е готова и двапати се распишуваше оглас, ама и поништуваше, оти според надлежните апликантите не одговарале соодветно на барањата. Сега, формираната комисија од мешан состав е спремна повторно да го отвори огласот за распределбата на 37-те стана.

Станбените единици ќе се распределуваат на седум категории на граѓани од социјален ризик , кои ги класифицираше Министерството за труд и социјална политика.

Потребната документација ќе може да се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица.

За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас.

 

Стојне Митева