Заев: Времето на неказнивост го оставаме во историјата
26.02.2021 14:38
Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата, напиша премиерот Заев на „Фејсбук“...

Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата, напиша премиерот Заев на „Фејсбук“, по изрекувањето на пресудите во предметот за незаконското прислушување „Таргет-Тврдина“.
Тоа е начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓаните, напиша Заев на социјалните мрежи.
