Република Mакедонија стана членка на советот за човекови права на ООН

Ново признание за нашата држава

12.11.2013 23:53

Попладнево во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, 177 земји членки гласаа за прием на Македонија во советот за човекови права со мандат од  две години. Ова тело на Обединетите Нации брои 47 членки.

Попладнево во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, 177 земји членки гласаа за прием на Македонија во советот за човекови права со мандат од  две години. Ова тело на Обединетите Нации брои 47 членки.

Македонија за првпат станаземја членка на советот за човекови права на Обединетите Нации. Попладнево во Њујорк се одржа гласање за 14 нови земји членки. Македонија и Русија беа кандидати од групата на источна Eвропа. Франција и Британија од групата на Западна Европа, откако Грција не успеа да се номинира во оваа група. Нови земји членки се и Кина, Виетнам, Саудиска Арабија, Малдиви, Алжир, Мароко, Намибија, Јужен Судан и Јужноафричката Република

. Советот за човекови права со седиште во Женева е одговорен за промоција и заштита на човековите права во светот, вклучувајќи ги и правата на етничките малцинства. Мандатот на новите земји членки на советот ќе започне во јануари 2014-та и ќе трае две години до крајот на 2016-та. Чешка, Црна Гора, Естонија, Романија, Австрија, Германија, Италија, Сад, Индија, Јапонија, Бразил, се веќе земји членки на советот за човекови права на Обединетите Нации.

Ирина Гелевска дописник на МРТ од САД