ДПА со обвинувања за корупција кон ДУИ

18.03.2014 17:51

Од ДПА велат дека прифаќаат судско соочување за овој, како што тврдат, случај на корупција...

Целосно ја разбираме загриженоста во ДУИ бидејќи за прв пат документирано и со факти се открива нивната корупција и кражба, велат од Демократската партија на албанците.

Деновиве од таму излегоа со тврдење дека пратеничката од редовите на ДУИ Ермира Мехмети добивала хонорар од 500 евра од Министретсвото за одбрана раководено од Талат Џафери за советнички услуги.

Од ДПА велат дека прифаќаат судско соочување за овој, како што тврдат, случај на корупција.

„Целосно ја разбираме загриженоста на ДУИ, на Талат, Ермира и на другите кои се на ред. Бидејќи имаме и многу други случаи кои чекаат да бидат обелоденети. Но немојте да мислите дека на овој начин ќе го сопрете откривањето на корупциите и кражбите во вашите редови. Ова е единствениот начин преку кој албанците ќе видат колку длабоко се заглавени во корупција и кражба овие кои денес се повикуваат во име на албанците“, изјави Беким Фазлиу од ДПА.

Од ДУИ на ваквите обвинувања одговорија дека тие се сериозна партија која раководи со  институции на кои им се потребни советници. Трвдат дека се ангажирани според законот.

„И советниците кои се ангажирани во рамките на Министерството за одбрана се ангажирани според потребите на министерот и на министертвото и според законот“, изјави Абдулаќим Адеми од ДУИ.

Што Ермира Мехмети го соверувала министерот?

„Незнам, прашајте го министерот за одбрана“, изјави Адеми.

Од Државната комисијата за спречување корупција најавија дека ќе го разгледаат случајот за да утврдат дали во него има судир на интереси.  

 

Зоран Јованоски