Драматичен раст на нови случаи со Ковид-19 во Гевгелија
Локалните власти во Гевгелија најавуваат рестриктивни мерки ако не запре растот на новозаразени со Ковид-19. Болницата полека ги исполнува капацитетите, а лекарите загрижени дека кај новозаразените клиничката слика е сѐ потешка...

Бројот на новозаболени од Кoвид-19 во Гевгелија е во постојан раст, особено во периодот по 15-ти февруари. Зголемената бројка на новозаболени е очигледен доказ дека иако не е направено испитување, во општината можно е да е присутен британскиот сој на вирусот, со оглед на тоа што веќе е докажан во Кавадарци и Неготино, а и фактот што тој побрзо се шири и дава потешка клиничка слика кај новозаболените.
За една недела во Гевгелија 63 новопозитивни од Ковид -19. Општинските власти со вклучен аларм, велат дека ако не почнат младите да ги почитуваат мерките, бројот рапидно ќе расте, а ќе се донесат и рестриктивни мерки на локално ниво со амин на општинскиот кризен штаб.
Загрижен е и епидемиологот Олумчев, кој сам војува во борбата со вирусот во Дојранско - гевгелискиот регион. Информираше дека бројот на заболени граѓани е далеку поголем од најголемиот пик во државава од почетокот на епидемијата.
Стојне Митева
