Утре почнува првиот дел од пописот
Едните собираат собираат потписи за одложување, вторите тврдат дека нормите на Еуростат се запазени, трети ги мобилизираат иселениците, четврти со кампања „Не отворам врата“. Првиот дел од пописот почнува утре...

ВМРО - ДПМНЕ продолжува со собирањето потписи против Законот за попис на пунктови низ земјава. Барањето на партијата е пописот да се одложи до април догодина или да се спроведе целосно електронски. Владејачката СДСМ останува на ставот- со почитување на здравствените протоколи пописот што според партијата ги содржи препораките на Еуростат, непречено ќе се одвива. Првиот вицепремиер Артан Груби преку Фејсбук ги повика иселениците да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број. Тој даде инструкции за споделување на информацијата со своите семејства.
„Ве замолувам за максимална совест и мобилизација. Споделете и известете го семејството“, пишува Груби.
Доколку се спроведе овој фалсификуван попис тогаш дефинитивно се урива темелот на државата- порачаа од Националниот блок „Не отворам врата“. Ги повикаа нашинците во странство да не се попишуваат.
Од утре почнува првата фаза од пописот. Ќе се попишуваат вработените во дипломатско- конзуларните претставништва и нивните семејства, дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците.
МНР ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/ саморегистрација, отсутни во странство. Самопопишувањето ќе се одвива преку веб- апликација, која е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста на личните податоци е осигурана.
Ана Јосифоска Тодоровска
