Почнува првиот дел од пописот

01.03.2021 10:06

Денеска почнува пописот на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците. Дијаспората до 15-ти март ќе се самопопишува електронски...

Денеска почнува пописот на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците. Дијаспората до 15-ти март ќе се самопопишува електронски. Во првата фаза ќе бидат евидентирани и вработените во дипломатските преставништва и нивните семејства и припадниците на Армијата, ангажирани надвор од земјава. Од овластени попишувачи ќе се спроведе статистичката операција во затворите.

Оваа сеопфатна операција не е спроведена 19 години, поради политички недоразбирања - во интервју за МТВ вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Со него разговараше Зоран Богатинов.