ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Шилегов за местење тендери

18.03.2014 17:58

Како човек со просечна плата стекнал имот од половина милион евра? ВМРО-ДПМНЕ обелодени докумнети според кои кога Шилегов бил претседател на второстепената комисија за јавни набавки, фирмата Семос добила 4 вредни бизниси.

Владеачката партија го поврзува богатството на Шилегов со бизнисите на Семос, фирма во сопственичка поврзаност со сопругата на Црвенковски.

„Бидејќи е невозможно да се стекне со толку голем имот со минимална плата на која што тој и неговата сопруга пријавиле дека примаат, прашуваме дали тој имот е стекнат затоа што Шилегов помагал на фирмата Семос да добива вредни бизниси. Да потсетиме во фирмата Семос на која Шилегов и помагал да добие вредни бизниси сопственички удел има сопругата на Бранко Црвенковки“, рече Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на партијата.

Таа побара одговор од него да одговори дали неговиот имот е стекнат преку местење на тендери и зошто секогаш кога фирмата на сопругата на Црвенковски се појавува на јавната набавка е конечен победник.

Петре Шилегов одговори дека куќата од 313 метри квадратни е подарок од неговиот татко, била градена во 1995 година.

„Станот го купив на кредит во 2007-та и сеуште го исплаќам“, изјави Шилегов.

Шилегов овозможил значаен профит со позамашна сума на пари на Семос. Констатира ВМРО-ПМНЕ. Колкава била вредноста и конечниот профит треба Шилегов да одговори. Не држат објаснувањата дека тој бил само еден член во комисијата. Владеачката партија го прашува дали неговиот имот е стекнат преку местење тендери и зошто секогаш победувала фирмата на сопругата на Црвенковски.

Миле А. Ристевски