Топлото време неповолно за овошките
Високите дневни и утрински темеперури во овој период од годината со предвременото цветање, може неповолно ќе се одразат на земјоделските култури. Сепак не толку многу топлите денови кои се очекуваат оваа седмица ќе придонесат да не дојде до нагло будење на вегетацијата кога сѐ уште има опасност од доцните пролетни мразови.

Наглата промена на времето и топлиот бран со дневни температури до 20 степени како и драстичното покачување на утринските, кои траева подолго минатата недела, според агрометеоролозите предизвикаа очекуван почеток на пролетното обновување на вегетацијата кај овошките. Ова особено што и пред последниот студениот бран имаше појава на будење на растенијата па и цветање во јужните региони.
Ваквите временски услови во овој период се карактеризираат како неповолна агрометеоролошка состојба, заради фактот дека услови за доцни пролетни мразеви сеуште има, а со тоа и опасноста од евентуални штети од измрзнување и губење на родот, е голема.
И во текот на оваа недела се очекува стабилно време, но со малку пониски дневни температури кои не треба да надминат 14 степени, што е добро, за да не доведе до нагло цветање на овошките.
Прихранувањето на есенските посеви и понатаму треба да остане приоритет исто како и кроењето на овошките и на виновата лоза што е неопходно за успешен и квалитетен род.
Методија Трајков
