Трамп: Можно е да се кандидирам за претседател во 2024 година

01.03.2021 10:38

На годишната конференција за Конзервативна политичка акција, поранешниот американски претседател најави дека е можно да се кандидира за истата функција во 2024 година.

„Јас ќе продолжам да се борам со вас и нема да направам нова партија, ќе останам во Републиканската“, порача Доналд Трамп во својот прв говор по напуштањето на Белата куќа на 20 јануари.

На годишната конференција за Конзервативна политичка акција, поранешниот американски претседател најави дека е можно да се кандидира за истата функција во 2024 година.

Трамп го критикуваше првиот месец од владеењето на демократот Џо Бајден и побара реформи во изборниот процес.