Сирија: Војската запре израелски ракетни напади врз Дамаск

01.03.2021 11:39

Повеќето проектили биле соборени пред да стигнат до целта...

Во Сирија активирана противвозудшната одбрана во јужните предградија на Дамаск за да се пресретнат израелски ракети.

Според неименуван воен извор за локалните медиуми, повеќето проектили биле соборени пред да стигнат до целите во близина на главниот град.

Засега нема информации за евентуални жртви. Нападот следува по американската офанзива во Сирија врз локации поврзани со проирански групи.