Дваесетина жртви во судирот меѓу полицијата и демонстрантите во Мјанмар
01.03.2021 12:43
Мирните протести кои почнаа пред еден месец прераснаа во насилства...

Според ОН, дваесетина луѓе загинаа, а над 30 се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Мјанмар. Смртни случаи се регистрирани во Јангон, Давеи и Манделеј, откако полицијата употребила боева муниција, гумени куршуми и солзавец.
Протестите почнаа пред еден месец откако војската ја презеде власта преку пуч. Цивилните лидери, вклучувајќи ја и нобеловката Аунг Сан Су Чи завршија в затвор.
