Филолошки факултет: Не се укинуваат катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност

01.03.2021 12:29

Писмото, и претходно реакцијата од раководителката на катедрата, Искра Пановска-Димкова доаѓаат по изнесените тврдења во јавноста од претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев за наводно укинување на катедрите во македонски јазик и македонска книжевност.

Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје со отворено писмо до јавноста. Оттаму за тврдењата за евентуално укинување на оваа катедра, велат дека станува збор за целосни невистини и манипулации.

„На Филолошкиот факултет не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност. Ја уверуваме македонската јавност дека доколку некој поединец или институција би се осмелиле да посегнат по интегритетот на Катедрата за македонски јазик, сите до еден ќе се заложиме тоа да го спречиме со сите средства и на сите начини“, се вели меѓудругото во отвореното писмо.

Писмото, и претходно реакцијата од раководителката на катедрата, Искра Пановска-Димкова доаѓаат по изнесените тврдења во јавноста од претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев за наводно укинување на катедрите во македонски јазик и македонска книжевност.

Денеска, премиерот Заев рече дека тоа никому не му паѓа напамет.