ВМРО-ДПМНЕ собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани за одложување на пописот

01.03.2021 12:57

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мијицкоски вели дека ќе продолжат да ја водат битката од внатре низ институциите за одложување на пописот, но како што вели, во меѓувреме е потребно операцијата да ја девалвираат.

ВМРО-ДПМНЕ во рок од осум дена собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани за одложување на пописот, информираа од партијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мијицкоски вели дека ќе продолжат да ја водат битката од внатре низ институциите за одложување на пописот, но како што вели, во меѓувреме е потребно операцијата да ја девалвираат.

„Ја повикуваме дијаспората масовно да се пријави на онлајн апликацијата, но доколку власта продолжи насилно да се однесува, тогаш при преземањето на институциите истата ќе биде предмет на детална проверка, а ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае овие политички резултати“, пишува Мицкоски.