Платниот промет во Пошта повторно функционира, провизијата изнесува 35 денари
Граѓаните можат повторно да ги плаќаат сметките и да извршуваат други плаќања во готово преку шалтерите на Македонска пошта. Провизијата за плаќање на сметки ќе изнесува 35 денари...

Во 35 филијали на поштата почна повторно да функционира платниот промет. Веќе од следата недела, сметки и други плаќања во готово ќе се вршат во сите експозитури. Провизијата ќе чини 35 денари по трансакција за плаќање сметки и други режиски трошоци. Висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависнот од износот.
По пропаѓањето на Еуростанд банка, сега платниот промет ќе се врши согласно новиот договор со Халк банка. Од банката велат – свесни сме дека платниот промет во Пошта е важен, не само затоа што е најевтин, туку и затоа што за многу жители на населени места претставува и единствен начин за плаќање на сметките и обврските.
Согласно плановите на Пошта, која важи за загубар со превработување во админстрацијата, тие најпрвин ќе ги прошират своите услуги, со цел намалување на загубите, а потоа би се пристапило кон приватизација или јавно- приватно партнерство.
Марија Котовска
