Животни навики за здраво срце
Важно е и срцето да се држи во форма со здрава и умерена физичка активност по најмалку 10 мин или половина час дневно, во зависност од возраста и здравствената состојба. Убаво е да се пешачи или да се прават кардио вежби, најдобро во природа или покрај отворен прозорец. Кислородот во крвта му ја олеснува работата на срцето.

Срцето е орган од кој нѝ зависи животот, низ кој ја проживуваме секоја емоција, кој се полни со сиот наш живот и затоа треба да го чуваме. Срцевите заболувања се водечка причина за смртност токму поради товарот на овој мал мускулест орган низ кој поминуваат илјадници литри крв, кој нема одмор ни една единствена секунда. Ако е така тогаш треба да го чуваме со тоа што ќе одбереме животен стил кој ќе превенира,заштитува и ќе го продолжи нашиот век. Најважно од се е стресот да се држи под контрола, да не биде контстантна состојба. затоа е важно секој да пронајде начин за опуштање од секојденвната динамика и проблеми. Слушајте музика, медитирајте, цртајте танцувајте, пронајдете начин да бидете во пријатни емоции.
Важно е и срцето да се држи во форма со здрава и умерена физичка активност по најмалку 10 мин или половина час дневно, во зависност од возраста и здравствената состојба. Убаво е да се пешачи или да се прават кардио вежби, најдобро во природа или покрај отворен прозорец. Кислородот во крвта му ја олеснува работата на срцето. Треба да се внимава на телесната тежина, на високиот крвен притисок, да се проверува дали ритамот на срцето е добар и навреме да се следат сигналите што ни ги дава срцето. Срцето сака се што е умерено. Така не се заморува, не мора двојно побрзо да работи. Избегнувајте пресолена храна, е едно од најважните правила.
Пушењето им штети на крвните садови, а со самото тоа се зголемува можноста за наслаги кои ја попречуваат нормалната работа на срцето. Дијабетесот исто така мора да се контролира затоа што тој е најголема причина за наслаги во крвните садови поради кои тие се стеснуваат, нема добар проток и така срцето страда и се мачи за низ него да помине сета крв и да стигне до секој орган. Убаво е да може да избегнувате голема бука и мешаници кои му сметаат на цел организам, особено на срцето и мозокот. Многу е важно да се има добар сон и тоа најмалку 7-8 часа во континуитет. Научно е докажано дека ако подолг временски период немате квалитен сон, поголема е веројатноста за инфаркт. И алкохолот е еден од загрозувачките фактори за срцевото здравје. Редовните лекарски контроли се еден од начините навреме да реагирате за каква било промена. Секако исхраната е еден од најважните фактори за здраво и долговечно срце, Затоа внимавајте на органот кој верно ви служи. Информирајте се кај стручно лице што е најсоодветно за вашиот организам според возраста и состојбата во која сте го довеле вашето тело.
Не заборавајте дека и духовната храна е важна за срцето.
Соња Стојановска
