„Глобал“ повторно отворен, причината за пожарот сѐ уште непозната

01.03.2021 15:56

Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица повторно ги отвори вратите. Тезгаџиите се вратија, си дојдоа и муштериите. И по три месеци откако пламените јазици го проголтаа објектот, сѐ уште нема официјална информација за точната причина за пожарот...

Три месеци по големиот пожар, ТЦ Глобал денес реотворен. Центарот на струмичкиот трговски ланец во нов сјај од денес ги отвори вратите за муштериите. Тезгите и дуќанџиите се враќаат на старите работни места.

ЈКП Комуналец од Струмица кој стопанисува со Глобал, најавува дека за еден месец ќе се стави во функција и остатокот од објектот кој настрада најмногу во пожарот.

Раздвиженоста повторно се чувствуваше во Глобал. Граѓаните влегуваат и да го разгледаа , но и да пазарат.

ТЦ Глобал се запали на почетокот од годинава, а причините за избувнувањето на пожарот сѐ уште се непознати за јавноста. Од Јавното обвинителство засега нема официјална информација за настанувањето на пожарот.

 

Стојне Митева