САД

Се заканува четврти бран на епидемијата

02.03.2021 10:29

Во моментот кружат неколку различни мутации на Ковид-19, а здравствените експерти се особено загрижени поради сојот од Велика Британија, од Јужноафриканската Република и од Бразил, кои се чини дека се позаразни.

Ширењето на заразните мутации на коронавирусот се заканува да предизвика „потенцијален четврти бран на случаи“ во САД, предупреди директорката на американските центри за контрола и превенција на болести.

Минатата недела на дневно ниво биле евидентирани околу 70.000 нови случаи. Во моментот кружат неколку различни мутации на Ковид-19, а здравствените експерти се особено загрижени поради сојот од Велика Британија, од Јужноафриканската Република и од Бразил, кои се чини дека се позаразни.

Според податоците на Светската здравствена организација, во САД досега се регистрирани над 28 милиони заразени и 500.000 смртни случаи од коронавирусот.