Зошто е добро да се јаде темно чоколадо?

02.03.2021 11:51

Во чоколадната индустрија постојат 3 типа на чоколада. Темна, бела и млечна чоколада. Основната намирница за производство на чоколадата е какаото.

При подготовката на чоколадото, темното чоколадо ја задружува природната концентрација на маснотии од семето и ги има задржано сите микронутриенти, додека белата чоколада е составена само од какао маснотијата и млечните протеини и маснотии. Млечната темна чоколада има сличен состав на белата, плус одреден процент на какао прав. Белата и млечната чоколада содржат многу висок процент на додадени маснотии , а за разлика од темната имаа значително помалку или воопшто микронутриенти.

Ако одберете квалитетна темна чоколада, со висок процент на какао маса (какао делот без какао маснотиите), тогаш имате намирница која е особено нутритивно богата. Таа содржи висок процент на растворливи растителни влакна и различни минерали.

Какао правот и темната чоколада имаат навистина разновиден и богат антиоксидативен состав. Тој е импресивен во споредба со повеќето храни.

Антиоксидантите се соединенија кои телото ги искористува во справувањето со оксидативниот стрес кој може да биде предизвикан од слободните радикали кои постојано се продуцираат во организмот. Ваквите оксидативни оштетувања кои ги претрпуваат клетките од различните органски системи можат да доведат до хронични воспалителни процеси кои пак се еден од главните причинители за сите хронични заболувања. Ваквиот тип на заболувања се најзастапените и најсмртоносните во модерното време.

Темната чоколада е добра за здравјето на мозокот но исто така и го намалува холестеролот и крвниот притисок.

Кате Стојановска Десковска