Кандидатот Илијаз Халими со ново лого ќе оди на избори
Илијаз Халими на претседателските избори ќе оди со променето лого...

Мнозинствто членови на државната изборна комисија го прифатија барањето доставено од група избирачи.Против беше заменик-претседателот, Субхи Јакупи. Според него, веќе донесено решение кое било одобрено не смее да се менува. Тоа можел да го стори само Управниот суд.
„Ова е преседан кој за прв пат, на конечна одлука, ние донесуваме некаква друга одлука“, изјави Субхи Јакупи, заменик претседател на ДИК.
„Додека постои ваков договор, поднесителите на листи не само што можат да го менуваат лого туку можат и да ја повлечат листата на кандидатите“, вели Бедредин Ибраими, член на ДИК.
Утре се очекува ДИК да расправа за поднесените приговори на ДУИ по извршениот јавен увид во избирачкиот список. Според партијата на Ахмети, 453 лица гласале во амбасадата во Тирана и во Македонија без да им биде регулиран постојаниот престој во земјава.
СДСМ пак бара проверка на 20 илјади и 600 лица. Дел од нив, според социјадемократите, немаат точни адреси или пак повеќе лица се пријавени на една адреса на живеење.
ДИК треба да се изјасни за преговорите до четврток на полноќ.
Викторија Тодоровска
