Мјанмар: Шок бомби и импровизирани штитови на протестите

02.03.2021 11:57

Полицијата употреби шок бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар, кои се собраа пред состанокот на шефовите на дипломатиите на соседните земји со претставниците на армијата на земјата...

Полицијата употреби шок бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар, кои се собраа пред состанокот на шефовите на дипломатиите на соседните земји со претставниците на армијата на земјата.

Разговорите ќе се одржат два дена по најкрвавите немири во Мјанмар, откако армијата ја собори избраната влада на Онг Сан Су Чи пред еден месец, што предизвика масовни протести на улиците низ Мјанмар.

Нема информации за повредени.