Ослободени стотици киднапирани ученички во Нигерија

02.03.2021 12:04

Тоа е четврти напад за помалку од три месеци врз училиштата во северозападна Нигерија, каде последните десетина години, криминалните групи краделе добиток и киднапирале луѓе за кои барале откуп.

Стотици ученички киднапирани од интернати во северозападна Нигерија биле ослободени и се наоѓаат во просториите на владата на нигериската држава Замфара.

Властите претходно објавија дека 317 ученички исчезнале по нападот на вооружени лица врз интернат во државата Замфара. Тоа е четврти напад за помалку од три месеци врз училиштата во северозападна Нигерија, каде последните десетина години, криминалните групи краделе добиток и киднапирале луѓе за кои барале откуп.

Во декември, државните службеници на Замфара ослободија 344 момчиња кои беа киднапирани во соседната држава Качина.