Министерски состанок на АСЕАН за Мјанмар
Министерот за надворешни работи на Сингапур побара итно ослободување на лидерката Онг Сан Су Чи, како и воените власти на Мјанмар да се откажат од употребата на сила и да преземат итни чекори за деескалација на ситуацијата за да се спречи натамошно насилство.
Министрите за надворешни работи на Здружението на нации од Југоисточна Азија на специјален состанок за Мјанмар. Министерот за надворешни работи на Сингапур побара итно ослободување на лидерката Онг Сан Су Чи, како и воените власти на Мјанмар да се откажат од употребата на сила и да преземат итни чекори за деескалација на ситуацијата за да се спречи натамошно насилство.
Во земјата продолжуваат протестите и покрај операцијата на безбедносните сили во која загинаа најмалку 18 лица.
Американскиот Стејт Департмент го предупреди Мјанмар дека војската ќе се соочи со дополнителни санкции доколку продолжи да ги напаѓа демонстрантите.
„Го осудуваме бруталното убиство на невооружени бурмански безбедносни сили, нападите врз новинарите и активистите и неправедни притвори. САД во координација со нашите партнери и сојузници, на бурманската војска јасно и ставивме до знаење дека неодамнешната ескалација во тактиката на безбедносните сили е за осуда. Соединетите држави се солидаризираат со десетиците илјади луѓе во Бурма кои уште еднаш излегоа мирно низ целата земја со храброст и решеност да го отфрлат овој воен удар и да ги искажат своите аспирации за враќање на демократското управување, мирот и владеењето на правото“, изјави Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот.
И Велика Британија побара од Мјанмар да прекине со насилството.
„Еден месец подоцна, војската во Мјанмар продолжува со употребата на насилство за да го поддржи превратот, вклучувајќи и убивање на мирни демонстранти во текот на викендот. Меѓународната заедница мора да направи сѐ што е во нејзина моќ и да изврши притисок за да се стави крај на насилството, да се ослободат притворените и да се обнови избраната Влада“, вели британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.
Народот еден месец е на улиците во Мјанмар, односно откако војската изврши воен удар и ја притвори претседателката Онг Сан Су Чи како и бројни други политичари за наводна измама на изборите во ноември. Од почетокот на протестите во земјата загина 21 лице.
Марина Ристова
